Детето претставува голема одговорност и обврска. Некои парови планираат да се информираат пред да донесат одлука дали сакаат да имаат деца или не, додека пак на некои други родителството едноставно им се случува. Без разлика дали детето ќе се планира или не, големата одговорност во исто време значи и проверка на родителите дали се спремни за најголемиот предизвик во нивниот живот. Пред да се решите да бидете мајка потребно е да размислите за неколку многу важни моменти.
Нестабилна врска – постојат огромен број на самохрани мајки кои одлично се снаоѓаат во улогата на мајка. Доколку тие се прашаат како е да си самохрана мајка одговорот кај скоро сите е образложението дека подобро самохрана мајка отколку семејство во кое двата родители не се сакаат. Како и да е доколку имате проблеми со својот партнер бебето дефинитивно нема да ги отстрани и да ве зближи, туку напротив може да создаде уште поголеми проблеми.
Психичко здравје – грижата и обврските околу децата можат да ве исцрпат како психички така и емотивно. Ако патите од депресија или имате други психички проблеми не е најдобро време да станете мајка.
Безпарица – финансиите се важна ставка ако размислувате за родителство. Може ви се чини дека бебето не е некоја „скапа работа“ меѓутоа кога ќе се земат во обѕир храната, негата, опремата, поголем стан… трошоците само растат и тоа со голема брзина.
Не сте ги оствариле целите – ако сеуште не сте ги оствариле зацртаните цели во животот, детото уште толку ќе го успори нивното реализирање. Ако имате цели кои навистина ви се битни, одложете го бебето.
Трпение – ако трпението ви е на ниско ниво најверојатно нема да уживате во родителството. Секако родителството може и да ве научи на трпение, меѓутоа децата бавно учат. Може да се појави фрустрација и брзо „зовривање“ , одложете го бебето
Не сакате деца – доколку не сакате деца и немате желба да станете мајка, немојте да паднете под притисокот на стереотипите „ сите тоа го прават“ .
