Bridal

Зошто и од кога носиме бурми?

Дали некогаш сте се запрашале што соти зад традицијата на носење бурма и зошто тие во повеќе култури се носат на прстот до малиот на левата рака?

Кругот претставува симбол на вечност во  други древни култури. Дупката во средина на прстенот исто така имала значење.  Да се даде на жена прстен значело вечна и бесмртна љубов.

Некои веруваат дека најстариот помен за размена на прстени во тек на венчавки потекнува од Египет, пред 4.800 години. Шаш, рогозина и трска, кои растеле покрај добро познатиот папирус, биле вртени и плетени во прстени или други парчиња накит, кои жените ги носеле во текот на овие свечености.

Подоцна и Римјаните  ја прифатиле оваа традиција, но со сопствено значење. Место давање прстен кон жената како симбол на љубов, тие го давале како симбол на сопственост. Римјаните ја потврдувале сопственоста над својата жена со подарување на прстен.

Дури во 860 година од нашата ера христијаните почнале да користат прстени во свадбените церемонии и прстените биле украсувани со гравирани лебеди, лири или споени раце. Црквата ги осудувала тие прстени како небожни и во 18 век, бурмите и свршеничките прстени биле многу поедноставени, а во таа пригода им бил даден поинаков изглед, кој тогашните бискупи го нарекле симбол на единство на срцата.

Бурмите во текот на различни историски времиња биле носени на различни прсти. Според традицијата за која се верува дека потекнува од Римјаните, бурмите во многу култури се носеле на прстот до малиот на левата рака.

Раните христијански бракови имале ритуал за носење прстен на средниот прст. Додека свештеникот ги изговарал зборовите: Во име на Отецот, Синот и Светиот дух, тој со прстенот го допирал палецот, показалецот и средниот прст, а потоа со Амин го ставал прстенот на прстот до малиот прст, со што се склучувал бракот.

Попрактична теорија се темели на тоа дека меките метали како традиционалното злато за бурмите, помалку се трошат на прстот на левата рака, пред сè бидејќи луѓето се деснаци. Воедно прстот до малиот на левата рака е најверојатно втор најмалку користен прст на раце на човекот веднаш по малиот прст.

Малите прсти, секако се мали бидејќи прстенот би имал мала површина за декорации, што можеби ги мотивирало луѓето прстенот да го преместат на следниот најмалку користен прст, кои има иста големина како и другите прсти.

Напиши коментар