Здраво тело

Зошто не треба да пушите цигара по оброкот?!

Дали сте знаеле дека пушењето по јадење е 10 пати полошо од пушењето надвор од оброкот.

Повеќето пушачи сакаат да запалат цигара веднаш по оброкот, а некои тоа го прават затоа што сакаат да „помогнат“ храната побрзо да се свари, но не се свесни колку штета му нанесуваат на својот организам.

Но научниците не ја поддржуваат таа нивна теорија. Имено, цигарата ги иритира цревата, но и остатокот од дигестивниот систем, кој тогаш влијае на цело тело.

Никотинот од цигарата се врзува со кислородот во крвта затоа што по оброкот, кога дигестивниот систем работи со полна пареа, полесно се апсорбира, па поради тоа, пушењето по јадење може да предизвика многу тешки проблеми во дигестивниот систем, од иритација до сериозни болести.

Луѓето кои боледуваат од улцеративен колитис и синдром на нервозно дебело црево, треба целосно да го избегнуваат пушењето, а оние кои се пушачи дефинитивно треба да се откажат од пушење цигара после јадење, затоа што тоа многу го отежнува варењето на храната.

Истражувањата покажаа дека пушењето по јадење е 10 пати полошо од „нормалното пушење“, односно една испушена цигара по јадење има дејство како да сте испушиле дури 10 цигари.

Наша препорака е ако веќе мора да запалите цигара, направете го тоа минимум половина час по јадењето.

Напиши коментар