Motherhood

Зошто сѐ повеќе жени се одлучуваат да бидат самохрани мајки?

Живееме во период кога времето се движи побрзо отколку што посакуваме и никако не можеме да влијаеме врз него. Опседнати со своите кариери и заработување пари често забораваме на оние важни вредности во животот како што е создавањето потомство.

Често си велиме дека има време за брак и деца, но, што се случува кога тоа време доаѓа и веќе почнува да ве притиска?

Доцните 30-ти и раните 40-ти се најважни за жената и воопшто за нејзината одлука околу создавање потомство. Често исплашени од фактот дека раните 40-ти со себе носат потешка бременост жените се одлучуваат за деца во 30-тите години од својот живот.

Иако жените се преплашени од одлуката да бидат самохрани мајки, сепак тоа веќе воопшто не е непозната или чудна ситуација, туку сè почеста. Ако земеме предвид дека во минатото браковите се склопувале до 20-годишна возраст на партнерите, жените немале ваков проблем.

Но, времето се менува и повеќе не е така поради динамичниот живот, поголемото образование и личните интереси и кариери..

Доколку имате несакана бременост со партнер кој едноставно не е подготвен да има дете, размислете добро околу одлуката за задржување на детето.

Не заборавајте дека во светот има многу деца кои се одгледувани и воспитувани од еден родител.

Доколку и вие се наоѓате пред ваква одлука, тоа не треба воопшто да ве застрашува. Сè повеќе жени низ светот се одлучуваат да бидат самохрани мајки, а бракот може да дојде подоцна во вашиот живот.

Кој вели дека нема да имате партнер откако ќе родите? Најважно е да имате дете пред да биде премногу доцна.

Кое е вашето размислување на оваа тема?

Напиши коментар