← НАЗАД НА БОЗА

Зошто се раѓаат повеќе момчиња отколку девојчиња?

Зошто се раѓаат повеќе момчиња отколку девојчиња?
1217 Читања

Од порано е познато дека момчињата и девојчињата не се раѓаат во ист број, но во светот генерално се раѓаат поголем број бебиња од машки пол, бидејќи во утробата повеќе живеат машките сперматозоиди, според една нова студија, спроведена од британските и американски научници.

Податоците на германскиот Статистички завод од 2013 година укажуваат дека се родени 349.820 момчиња и 332.249 девојчиња.

– Иако експертите долго време претпоставувале дека при оплодувањето се создаваат повеќе машки ембриони, соодносот на половите при зачнувањето, всушност, бил непознат и покрај стотици години шпекулирање и истражување – обајвија научниците.

Тим од експерти, предводен од Стивен Хехт Орзачки, претседател на истражувачкиот институт „Фреш Понд“ во Кембриџ, заклучил дека, иако морталитетот во однос на половите варира во поедини фази од бременоста, дека морталитетот на машките плодови е почест на почетокот поради, како што се претпоставува, поголемиот број генетските абнормалности.

Минатата година научниците од англискиот универзитет во Екстер во списанието „BMC Medicine“ објавија студија, според која кај женските плодови веројатноста да бидат пометнати во подоцнежниот период од бременоста е поголема за 10 отсто.

До тоа сознание научниците дошле со проучување на околу 30 милиони живородени бебиња низ целиот свет.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk