Колекција за црвениот тепих
Зухаир Мурад, уште еднаш ја покажа својата прекрасна, раскошна линиа на тоалети на кои местото им е на најпрестижните црвени теписи или на најлуксузните балови.
![]()
Колекција полна со украси, која почнува со црно, а завршува со бордо, а потоа преубавите црвени нијанси, се до светли, ледено-беж и сребрени кои дадатно ги украсиа мотивите на оваа колекција. Играта на материјалите и нивниот крој е таква што изгледа дека дизајнерот сака да не воведе низ различните декади, со акцент на моќна, секси и самоуверена жена.
![]()
Миленикот на познатите дами на модната недела во Париз остана доследен на својата препознатлива естетика, а на нејзе храбро додаде ретро мотиви и “тешки” материјали, меѓу кои се издвојува плишот кој повторно се враќа во 2015-16 сезоната.
Светкави нијанси на сина, зелена, црвена, металик тонови, едноставно не принудуваат да размислиме која од познатите дами ќе се одлучи за еден од овие убави парчиња на висока мода. Дали имате било какви предлози?
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
