Cafe Del Mar

10-20-30 Тренинг со резултати после 12 минути

Ако мотивацијата е клучот на успехот, тогаш интервалните тренинзи е возможно да се изведат само доколку сте доволно мотивирани. Станува збор за тренинг кој нема долг период на траење и за кратко време постигнувате одлични резултати. Еден од тие тренинзи е и така наречениот 10-20-30 тренинг, погледнете за што станува збор…

2-10-20-30-trening-so-rezultati-posle-12-minuti-keif-mk

Овој тренинг ги опфаќа сите видови на кардио вежби, без разлика дали станува збор за трчање, возење на велосипед и слично, а се изведува на тој начин што една од овие вежби 30 секунди се прави со умерена брзина, а потоа брзината се зголемува во времетраење од 20 секунди, додека пак во последните 10 секунди се прави најбрзо, на пример ако трчате, последните10 секунди ќе трчате спринт.

Вежбите во интервалот 10-20-30 се повторуваат по четири пати, а во 5-тата минута се прави пауза од 2-минути, со цел пулсот да го доведете во нормала. Потоа истиот тренинг се повторува уште еднаш, во траење од 5 минути, со тоа што целиот тренинг ќе ви одземе само 12 минути од вашето време.

Овој тренинг е корисен и за мажите и за жените истовремено, а резултатите ќе ги забележите после само 12 минути.

Напиши коментар