Bridal

10 идеи за да ја разубавите вашата венчаница

Еве неколку совети како да ја разубавите вашата венчаница доколку се замислувате во уникатен и интересен невестински фустан:

Одберете фустан со длабоко деколте нагласено со бисери, кристали или циркони.
Доколку имате едноставен фустан, разиграјте со некој ретро брош кој ќе и додаде гламур на вашата венчаница. Или пак одберете свилена лента во некоја интересна боја за вашата коса.
Фустан во форма на ѕвонче ќе и даде навистина романтичен изглед на вашата силуета и е совршен избор за оние кои сакаат гламурозен и кралски изглед. За посовремена варијанта на венчаница, изберете асиметрични здолништа со мног волумен и слоеви.
За гламурозен вечерен изглед, одберете припиен фустан – сирена, а дополнете го изгледодт со ланче или свилена лента припиена на вашиот врат.
Мала круничка или тијара ќе ги воодушеви вашите гости доколку одговара со вашата венчаница и не е премногу светкава. Изберете крина само доколку имате голем и гламурозен фустан и не носите многу накит. Сигурно не сакате на најубавиот ден да изгледате како „новогодишна елка“
Велот е неопходен додаток оваа сезона. Одберете долг вел порабен со богат сатен или вез.
Доколку одберете корсет кој е „накитен“ со кристали, монистри или бисери, одберете едноставно здолниште кое ќе ја нагласи убавината на корсетот, но нема да ве направи „кич“.
Нагласете ја вашата преубава половина со свилена лента во некоја интересна боја, која на грбот ќе ја врзете во панделка.
Разгледајте ги модните трендови оваа сезона. Можеби ќе ви текне на нешто интересно откако ќе добиете инспирација од модните писти.
Не плашете се да изберете венчаница во друга боја освен белата. Иако белата е традиционална боја, дизајнерите ги прават венчаниците и во многу светло сива, во боја на слонова коска, кремасти…

Напиши коментар