Улогата на секој родител е тешка и секој од нас може во одредена ситуација да изреагира лошо.
Затоа за вас подготвивме стратегија која ќе ви помогне да бидете уште поуспешен родител кој има одличен однос со своите деца.
1. Бидете “професионален родител“
Никој од нас не се родил со целото знаење на светот. Па за да правиме нешто добро, мора прво да учиме.
Да бидеме родител е нашата најважна работа па затоа треба да се образуваме на тоа поле.
Професионалниот родител сака да слушне за новите начини на одгледување на децата и е желен да оди на семинари и да чита инспиративни книги.
2. Запрашајте се што сака вашето дете да ви каже
Бидете родител-психолог и запрашајте се за подлабокото значење на однесувањето на вашето дете.
3. Водете сметка за себе
Ако сте постојано изморена, нерасположена и на раб на нервен слом, не можете никако да му помогнете на вашето дете бидејќи треба сама да себе да си помогнете.
Запрашајте се кога последен пат сте направиле нешто само за себе, нешто што ве опушта или забавува?
4. Бидете пример
Ако сакате да имате самостојно дете кое знае што е позитивно, а што не. Кое јаде здрава храна, кое е среќно, фокусирано тогаш треба да го научите на тие нешта според вашиот пример.
Вие сте неговиот најважен учител, што правите вие тоа ќе прави и вашето дете.
5. Немојте да се нервирате за ситници
Јасно е дека како родител се грижите дали се ќе биде во ред со вашето дете. Но не треба да претерувате. Љубовта и стравот не можат да одат заедно.
Пред да испаничите за некоја ситница, запрашајте дали е тоа неопходно?
Исто така можете да почнете да му верувате на вашето дете дека ќе знае да постапи на вистинскиот начин.
Причини околу кои нема потреба да се нервирате се: како изгледа косата на вашето дете, дали се облекло добро, дали му е средена собата итн.
Сфатете дека овие нешта не се толку важни и не само што нема да се нервирате толку многу, туку и ќе воспоставите поблизок однос.
6. Времето поминато со вашите деца е љубов
Кога поминувате време заедно со вашето дете во заеднички активности тоа се чувствува поврзано со вас.
Во овие моменти можете да разговарате отворено со детето и сигурно ќе уживате во заедничкото друштво.
7. Бидете совесен и внимателен родител
Пример, пред да ги однесете децата наутро на училиште кажете си на себе дека за тоа време на децата ќе им пренесете мир, благодарност, љубов и радост.
Или пак пред да седнете заедно да ручате бидете трпеливи, љубезни и полни со разбирање.
8. Покажете им на децата дека се успешни
Децата лесно можат да помислат дека за околината ќе бидат успешни само ако направат нешто на точно одреден начин. Овој начин на размислување може да ги обесхрабри кога ќе помислат дека тоа не можат да го реализираат.
Однесувајте се кон детето како да е успешно баш сега во овој момент. Кажете му дека е паметно, дека уживате во неговото друштво.
Покажете му дека вие учите нешто од него.
9. Запомнете дека не постојат инстант решенија
Постојат многу родителски техники кои сакаат да ги решат предизвиците со децата на брз начин.
Една таква техника е давањето на наредби наместо давање известувања.
Ова е најбрза и најнеефикасна техника. Никој не сака да му се наредува.
Но, ако му дадете објаснување на детето му се нуди прилика да одлучи само и потоа да одговори на донесената одлука.
Пример, наредба би била “закопчај ја јакната!“, додека пак известување би било, “надвор дува ветер, а јакната ти е откопчана“.
Ова му овозможува на детето да одлучи како ќе ја искористи оваа информација и како на неа ќе одговори.
10. Секој греши
Човекот учи секојдневно. Дури и по пропуштената прилика секој родител ќе има втора шанса да се поправи.
Нема смисла да се задржувате на грешките и да се мачите околу ситуацијата која не е решена соодветно. Родителите се тука да учат и растат заедно со децата.
Секоја грешка е прилика следниот пат да се постапи поинаку.
