Oсвен за лицето, ладното време и ниските температури се непријатели и за рацете. Обично сите ние спасот го бараме во кремите.
За сите поддржувачи на природната козметика, носиме едноставен природен рецепт за пилинг кој на сувата кожа ќе и ја врати мекоста и влагата.
За неа ќе ви бидат потребни следните состојки:
*25гр мелени бадеми
*1 лажиче мед
*2 лажичиња сончоглердово масло и
*1 лажиче сок од лимон
Откако ќе ги измешате добро сите состојки, намачкајте ги рацете со добиената смеса и оставете да делува 2-3 минути и потоа измијте ги.
