Убавина

Кокосовото масло е вистински пријател на убавината

За секој тип на кожа и секој проблем, постојат десетици илјади производи од разни производители кои се заколнуваат дека нивниот производ ќе ги реши проблемите и ќе ве направи помлади, поубави и понегувани.Додека голем број жени посегнуваат по скапи креми, забележлив е тренд на користење на попристапни решенија од природата. Едно од нив е кокосовото масло кое во последните година дена стана вистински мејнстрим хит. Популарната цена и докажаната ефикасност се повеќе од добра причина да ја испробате магијата на оваа намирница и одличен сојузник за вашата кожа и коса.

Кокосовото масло е богато со заситени масни киселини, кои се лесно сварливи и одлични за телото. Редовното консумирање може позитивно да влијае на варењето на храната, зајакнување на имунолошкиот систем, па дури може да помогне и во борбата против упорната кандида. Кокосовото масло може да го замени растителното масло и на него слободно може да печете зеленчук и риба или да го консумирате во здрави напитоци. Доволно е да ставите едно чајно лажиче и да направите вкусен и здрав смуди.

Кокосовото масло исто така прави чуда за вашата кожа. Ако немате отстранувач на шминка при рака, слободно ставете кокосово масло на памук и веднаш ќе ја отстраните пминката без затегнување и пецкање на кожата. Ова масло е особено добро за осетливи типови на кожа кои не се склони на лосиони и тоници на база на алкохол. Има пријатен мирис, ја хидрира кожата и ѝ дава мекост. Намачкајте го маслото на вашето лице како што аплицирате обична крема. Иако е многу масно, има многу брза апсорпција, па нема долго да чекате вишокот на маснотија да исчезне од кожата. Испуканите и суви врвови на косата, исто така може да изгледаат подобро со употреба на ова масло. На суви или мокри врвови на косата, истријте малку масло и оставете да се исуши. Врвовите ќе бидат мазни и сјајни.

Напиши коментар