СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО:
1кг Екстра брашно тип 400 од Жито Лукс
1 маргарин за готвење
250 мл масло за јадење
150 мл јогурт
1 лажичка сол
3 жолчки од јајца
1 кесичка прашок за печиво
СОСТОЈКИ ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ:
3 белки од јајца
сусам
сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Од горенаведените состојки се замесува тесто, се сука кора со дебелина од 2 cm и со калап во облик на перек се вадат переци кои се редат во подмачкан плех.
Се премачкуваат со изматените белки и се посипуваат со сол и сусам. Се печат во затоплена рерна на температура од 200°С до 220°С околу 15 минути.
