Дестинации

Little Green Bay – бутик хотел на Хвар за кој пишува и Вог

За убавините на неодамна отврениот мал хотел Little Green Bay, вгнезден на Хвар покрај самото море, пишуваше и францускиот Вог.

Опкружен со прекрасна природа, на само чекор од крајбрежјето, хотелот располага само со 15 соби што гарантира спокоен, луксузен одмор.

Во ресторанот на хотелот се служат медитерански специјалитети и се дегустираат врвни вина. За оние кои сакаат исполнет ден, сопствениците на хотелот, кои се инаку парижани, организираат различни излети на островот. За оние пак, кои сакаат по цел ден да се излежуваат на плажата, условите се извонредни, а тука е и малиот спа центар.

Овој мал рај всушност сопствениците го изградиле од стара, напуштена камена куќа. Камените детаљи се одлично вклопени во реновираниот амбиент во модерен стил, правејќи го малиот хотел вистински бисер извлечен“ од кристално чистото море кое во недоглед се простира пред него.

a9

a 55

a88

a1

a 99

Напиши коментар