Motherhood

19 заповеди кои ќе ви помогнат да станете подобри родители

Марија Монтесори била педагог, образовен работник, филозоф и филантроп, која во голема мера влијаела да се промени ставот во воспитувањето на децата во 20-тиот век. Нејзините образовни методи и денес се применуваат во голем број државни и приватни училишта ширум светот. 

Почетниот став на Монтесори вели дека „детето само себе се открива со помош на движења и сензомоторни искуства“ уште од најраните моменти од својот живот. Детето уште од самиот момент на раѓање има потреба да учи и да создава, а се што треба воспитувачот да направи е да му ги ослободи патиштата по кои ќе може да се спознае себеси и светот. Тие внатрешни потреби се секогаш конструктивни доколку им се овозможи остварување. Овој принцип често се изразува со реченицата „Помогни ми да го направам тоа сам!“ Според Монтесори, во најраната возраст детето не сака да му се покажува, туку само да му се помогне во процесот на неговиот природен развој.

Меѓу другото, таа е позната и по тоа што формулирала кратки, но впечатливи заповеди за родителите, преполни со мудрости. Потсетете се на нив барем еднаш годишно.

1. Децата учат од она што ги опкружува.

2. Ако често го прекоруваме детето, тоа учи како да ги осудува другите.

3. Ако често го фалиме детето, тоа учи како да ги цени другите.

4. Ако кон детето покажуваме непријателство, тоа ќе научи како да се тепа.

5. Ако сте искрени со своето дете, тоа ќе научи што значи праведност.

6. Ако често го измевате вашето дете, ќе стане срамежливо.

7. Ако детето се чувствува сигурно, учи да им верува на другите.

8. Ако пречесто му велите „Срам да ти е!“, ќе научи секогаш да се чувствува виновно.

9. Ако често го охрабрувате тогаш ќе има голема самодоверба.

10. Ако на детето му пружите поддршка, ќе биде самоуверено.

11. Ако детето живее во пријателско опкружување и чувствува дека им треба на другите ќе научи како да најде љубов.

12. Никогаш немојте да зборувате лошо за вашето дете, било во или надвор од негово присуство.

13. Концентрирајте се на тоа да го развивате доброто во вашето дете. Така нема да има место за лошо.

14. Секогаш сослушајте што има да каже и одговарајте на прашањата или молбата доколку ви се обрати.

15. Послушајте го детето дури и кога ќе направи грешка. На тој начин бргу ќе може да ја исправи својата грешка.

16. Секогаш бидете подготвени да му помогнете на детето на кое му е потребна помош и да се повлечете на страна кога гледате дека се снаоѓа.

17. Помогнете му на детето рано да ги созвлада предизвиците. Тоа ќе го направите така што ќе се погрижите светот околу него да биде исполнет со позитивност, мир и љубов.

18. Секогаш однесувајте се убаво пред вашето дете. Покажете му како да стане најдобра личност која може да биде.

19. Почитувајте го детето кога одмара, ги набљудува активностите на другите деца или размислува за нешто што го направило. Не му се обраќајте и не го терајте на некој друг вид на активност.

Напиши коментар