Cafe Del Mar

3 тајни на цврстината на „најпознатиот задник на Инстаграм“

Благодарение на социјалната мрежа Инстаграм и неверојатниот задник кој ѝ пркоси на гравитацијата, фитнес моделот Џен Селтер стана светски популарна. Дали ви е потребна инспирација за зацврстување на овој дел од телото? Тогаш испробајте ги вежбите кои ѝ помагаат на Џен да го одржи задникот подигнат и цврст.

1.Клекнувања (сквотови) ала Џен Наместо нозете да ги поставите рамно на подот во височина на рамената, клекнувањата започнете да ги правите како Џен Селтер.

2. Кревање на нозете на сите 4

Раширете ги нозете со широко поставени стапала што е можно повеќе да ја формираат буквата V, исправете го грбот, а пред себе исправете ги рацете во висина на градниот кош. Полека спуштајте се до подот и кренете се во почетната позиција.

3. Потпрени на барско столче

Стоите со исправен грб и нога спроти ѕид или високо барско столче со рамно испружени раце во ниво на градите. Потпрете се со горниот дел од телото кон напред, подигнете ја десната нога колку што можете кон горе, па нежно вратете ја на подот. Повторете ја оваа вежба 15 пати, па истото повторете го со левата нога.

Напиши коментар