← НАЗАД НА БОЗА

4 Најпопуларни дизајнерски чанти за оваа есен

4 Најпопуларни дизајнерски чанти за оваа есен
794 Читања

Со реси или без, со интересни дезени и впечатливи бои за на рамо или со рачки, по нив полудеа сите жени низ светот. Чантите оваа есен дефинитивно ќе ви бидат омилениот моден детаљ со оглед на тоа што модата овој пат има што да покаже.

Ова се најпопуларните 4 имиња кои понудија 4 уникатни чанти, а сигурно барем една од нив ќе ви стане омилена:

1. Џозеф Алтузара, модниот миленик на Њу Јорк ја претстави својата прва колекција на чанти и нејзините варијанти во разни бои. Чантите се од крокодилска кожа и со сигурност ќе ги преплават улиците на   Њу Јорк оваа есен.

1-zenite-poludea-po-niv-4-dizajnerski-canti-za-ovaa-esen-keif.mk

2. Освен Алтузара, оваа година како дебитант се појави и Алесандро Мишеле со својата прва колекција за Гучи. Малата  слатка чантичка со интересни детали  и ланец сигурно ќе ве освои на прв поглед.

2-zenite-poludea-po-niv-4-dizajnerski-canti-za-ovaa-esen-keif.mk

3. Луис Витон за оваа година предлагаат да се препуштите на темно црвената боја  и со страст да чекорите низ улиците. Црвената класична торба со рачка е одлична за бизнис жените, бидејќи можете да ја најдете во средна големина, а доколку одите на кафуле тогаш идеална би била мини големината од оваа слатка чанта.

3-zenite-poludea-po-niv-4-dizajnerski-canti-za-ovaa-esen-keif.mk (2)

4. Шпанскиот бренд Лоеве го претстави својот нов модел од легендарните „Puzzle” чанти во нежни тонови изработени од брусена кожа. Чантите се во светли бои и со интересни дезени чија цел е да внесат шаренило во сивите есенски денови.

4-zenite-poludea-po-niv-4-dizajnerski-canti-za-ovaa-esen-keif.mk

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk