Motherhood

4 работи кои треба да ги правите ако сте во брак

Немојте да верувате во идличните бајки кои ви ги раскажуваат уште од детството, за долготрајна врска или успешен брак треба навистина да се трудите.

Баш како што го поливаме цвеќето, ги храниме милениците, ги негуваме децата, баш така мора да се негува и љубовта.

Следните четри начини ќе ви ја задржат љубовта, а може да се применат и во случаи кога мислите дека веќе сте ја загубиле истата.

Зборувајте – немојте да дозволите некоја недокажана работа да стане голем товар, а некоја ситница да предизвика потрес. Делотоврната, автентична комуникација е важна за одржување на љубовта. Браковите најчесто пропаѓаат бидејќи двојките не разговараат на време или воопшто не го прават тоа. Студиите покажале дека најзадоволни се оние брачни двојки кои гласно го искажуваат своето незадоволство и знаат да прават компромиси.

Негувајте ја љубовта – постојат пет јазици на љубовта, тврди авторот Гери Чепман. Тоа се начините на кој вашиот партнер може да ви каже или покаже дека ве сака и обратно.

Забележувајте ги добрите страни на партнерот – некои експерти тврдат дека љубота може да потрае доколку двата партнера на прво место ќе ги стават позитивните работи или карактерни особини. Обидете се и барем една недела игнорирајте ги сите негативни работи, ситници кои ве нервираат кај партнерот. Фокусирајте се на работите кои се позитивни и кои ги сакате кај својот партнер.

Водете повеќе љубов – ако водите доволно љубов ќе бидете посреќни. Дури и ако мислите дека сте се одалечиле од партнерот, или не ја чувствувате блискоскта која сте ја имале, обидете се една недела секој ден да водите љубов, верувајте дека повторно ќе се вратите на правилната патека.

Write A Comment