Кога е во прашање летото сите помалку повеќе се вртиме кон белата боја или цветните дезени.
Но, ако сакате да се издвоите од масата и да носите комбинации поради кои ќе изгледате шик погледнете ги следните идеи.
Крв црвена боја во комбинација со светла сина боја дефинитивно не е нешто за што прво ќе се одлучите, но верувајте изгледа неверојатно добро.

Уште една комбинација во која нема да поминете незабележително е смарагдно зелената и јарко жолтата.
Овие бои имаат совршен баланс и затоа деталите како жолт лак за нокти и светло зелена ташна се полн погодок.
Тегет бојата е одлична за лето бидејќи е софистицирана.
Вклопете неколку нијанси на сина и нема да изгледате здодевно туку многу интересно.
Облечете како основа светла нијанса на сина и зачинете ја со потемни детали или обратно.
Поентата е дека со оваа нијанса ќе изгледате многу женствено, а таа стои совршено на скоро секој тен.

Жолтата и златната се исто така софистицирана комбинација, но со доза на егзотика.
Ако ги вклопите овие две бои ќе изгледате ведро и расположено.
Размислете за оваа комбинација особено кога сакате да изгледате елегантно.
Бидете смела и носете ги овие впечатливи бои во комбинација.
И секако уживајте во летото!
