Боите на ѕидовите во нашиот дом можат да направат да се чувствуваме подобро, просторијата да изгледа поголема но исто така можат да направат и да не се чувствуваме пријатно.
Во продолжени прочитајте кои 5 бои треба да ги избегнувате…
Веб страната Zillow Digs која е специјализирана за уредување на ентериер, продажба и издавање на куќи и станови ни открива кои бои во домовите најмногу ги одбиваат потенцијалните купувачи, односно поради кои бои значително се намалува цената на продажбата или изнајмувањето.
1. Валкано бела
Скоро секој дом во кој кујната е обоена со валкано бела боја цената му е падната.
2. Боја на лушпа од јајце
Иако на прв поглед и оваа боја, како и валкано белата изгледаат сигурно, малите простории како кујната може да изгледаат “мртво“ или монотоно кога е обоена во боја на лушпа од јајце.
3. Pantone 448 C
Машавината на маслинесто зелена и “каки“ бојата се опишува како најтажната боја на светот, па не е чудно што токму Pantone 448 C се најде на листата на најмалку посакувана боја во домот. На потенцијалните купувачи особено им се одбивни спалните и бањите во оваа боја.
4. Теракота
Домовите во кои дневната соба им е обоена во теракота нијанса уште повеќе им паѓа цената од оние кои во себе ја имаат најтажната боја на светот.
5. Одредени нијанси на сива
Некои нијанси на сива купувачите ги обожаваат додека другите воопшто не ги сакаат. Темносивите се најмалку привлечни, а светлосивите се посакувани.
