Модните експерти велат дека добрите чизми се неопходни за добар стил. Затоа не е лошо оваа есен да побарате добар пар чизми.
Во прилог прочитајте кои се водечките тренди модели на чизми кои ви гарантираат шик изглед…

1. Чизми до глужд со шпиц
Овој модел совршено функционира со деловните комбинации поради својот елегантен изглед, додека во комбинација со фармерки или сукња се совршени за вечерни излегувања.
2. Моторџиски чизми
Удобни и практични, а сепак се вклопуваат и со романтични фустани.
3. Чизми до глужд на платформа
Ако сте дама која внимава на стилот но не сака високи и тенки штикли, овој тип на чизми совршено ќе ви прилега.
4. Високи чизми
Ја зголемуваат дозата на женственост и елеганција, особено оние чија должина/ висина е над колена.
5. Чизми во бохо стил
Бохо чизмичките до глужд се совршени за прошетка низ град. Особено добро функционираат со тесни фармерки, бела кошула и сако но и со кратки панталони и фустани над колена.
