Cafe Del Mar

5 пијалоци за рамен стомак

Барате начин да се ослободите од последиците настанати од уживањето во празничните трпези? Супер храната претворена во свежи сокови е одлично решение. Покрај соковите, она што треба да го направите за да го трансформирате вашето тело во овој постпразничен период е да пиете многу вода, многу повеќе од вообичаено; да избегнувате внесување вишок сол; да избегнувате шеќери(сигурно за празниците изедовте доволно колачи и испивте доволно газирани сокови) и да го ограничите внесот на млечни производи. За да го избегнете чувството на надуеност и тешкотии во стомакот, пробајте некој од следните пијалаци.

Statija gallery photo

Брусница

Брусницата е природен диуретик и го поттикува остранувањето на вишок течности од организмот.

Сок од брусница, јаболка и грозје

Потребни ви се 3 црвени јаболка, 1 рака брусница, 1 рака грозје. Ставете ги состојките во блендер и испијте го сокот веднаш.

Statija gallery photo

Брусница

Лимонада со брусница

Овој пијалак се подготвува супер-лесно. Ако ви е прекисел, додадете една лажица мед.

Потребни ви се 1 шолја вода, ½ шолја брусница, еден свежо исцеден лимон.  Измешајте ги состојките и уживајте во пијалакот топол или ладен.

 

Statija gallery photo

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет помага во варењето и го поттикнува растот на здравите бактерии во телото. Придобивките од јаболковиот оцет можете да ги почувствувате ако пиете по една лажица оцет дневно.

Еликсир против надуеност

Доколку наутро се разбудите со подуен стомак, пробајте го овој брз еликсир.

Потребни ви се 2 шолји вода, 1/3 шолја јаболков оцет,  2 лажици чиа семе и 2 лажици мед.

Киснете го чиа семето во вода околу 30 минути. Потоа измешајте ги сите состојки заедно.

Statija gallery photo

Калиум

Калиумот помага во исфрлање на вишокот на натриум од организмот. Храна богата со калиум е бананата, спанаќот, кокосова вода и др.

Смуди со спанаќ и кокос

Ова смуди содржи голема количина на калиум што ќе ви помогне брзо да се решите од надуениот стомак.

Потребни ви се 2 раце спанаќ, 1 банана, 1 шолја сечкана краставица, ½ шолја сечкан ананас, ¼ свежо исцеден сок од портокал и 1 шолја кокосова вода (или обична доколку не можете да најдете кокосова).  Измешајте ги сите состојки во блендер.

Statija gallery photo

Ананас

Ананасот содржи бромелаин – природна состојка која делува против воспаленија. Кога јадете пресолена храна, следното утро може да се разбудите со потечено лице. За да ја зачувате својата убавина и за отоците да исчезнат, пијте сок од ананас.

Пинаколада смуди

Ова вкусно смуди помага против надуеноста и воспаленијата поради супер комбинацијата од ананас, банана и кокос.

Потребни ви се 1 излупен портокал, 1/3 шолја кокосово млеко, 1 банана, 1 шолја сечкан ананас. Можете да додадете и спанаќ, со што ќе ја зголемите хранливата вредност и нивото на калиум. Состојките ставете ги во блендер, а потоа додадете мраз.

Statija gallery photo

Ѓумбир

Ѓумбирот содржи дигестивен ензим кој помага во ослободување на гасовите и смирување на дигестивниот систем.

Сок од ѓумбир и лимета

Потребни ви се 1 лажица рендан ѓумбир и 1 лажица свежо цеден сок од лимета. Измешајте ги заедно и испијте ги веднаш по голем оброк.

 

 

Напиши коментар