Младоженецот е избран, венчаницата е испеглана, гостите се поканети, јадењето, цвеќето, нарачани…Останува уште да се погрижите за својот изглед и пред матичарот да излезете во полн сјај.
Искористете некои од овие правила кои ви ги предлагаме и бидете сигурни дека своите фотографии од свадбата со гордост на сите ќе ги покажувате.
Тренд
Шминката за свадба вообичаено нема врска со актуелните make up трендови. Тоа што е актуелна силната шминка, виолетови нијанси или впечатливо исцртани очи, не значи дека така нашминкани треба да отидете пред олтарот. Пред сè невестата треба да изгледа свежо, а со шминката треба да го истакне најубавото на своето лице.
Лице

Барем две недели пред свадбата подгответе го лицето. Користете пилинг маски, мијте се со ладна вода, пијте повеќе течност и користете активен кислород. Така ќе создадете одлична база – чиста кожа за шминкање.
Поглед

Набавете добар, но не претерано светол, коректор за темните кругови. Ставете бела сенка на работ од долниот капак, а за отмен изглед користете матирани сенки. Ставајте ги умерено. Посветлите тонови нанесете ги на внатрешните делови од капакот. Ако сакате можете да ставите вештачки трепки. Водоотпорната маскара се подразбира.
Усни

По ветувањето на вечна љубов, бидете спремни за првиот бакнеж. Ноќта пред свадбата направете пилинг. Ако се одлучите за јака шминка на очите, карминот нека биде помалку впечатлив. Најдобра е природната, неутрална нијанса, таква што гостите ќе се запрашаат да ли воопшто имате кармин.
Тен

Кога комплетно ќе се нашминкате не заборавајте да нанесете малку пудра во прав на челото, брадата, носот и образите, за да не ви сјае лицето.
