Да имаш брат или сестра на моменти може да биде прилично досаднo и напрегнато искуство, но колку и да се зборува на оваа тема, несомнено најголемата вистина е дека врската помеѓу нив двајца секогаш е многу посебна, а љубовта искрена и вечна. Одлично е чувството, кога знаеш дека можеш безусловно да се потпреш во секое време на некого кој би го дал животот за тебе.
Научниците спроведоа истражување со различни комбинации меѓу браќа и сестра и открија некои интересни факти. Истражувањата покажуваат како браќата и сестрите можат да влијаат на вашата интелигенција, менталното здравје и височина.
1. Научниците утврдиле дека лицата кои имаат брат или сестра живеат подолго и имаат добра смисла за хумор.
2. Луѓето се склони да почнуваат врски со партнери, со кои имаат заедничка семејна средина. Односно, ако сте средното дете во семејството, многу е веројатно да изберете партнер, кој исто така е дете родено помеѓу постар/а и помлад/а брат или сестра.
3. Мажите кои имаат поголеми сестри, се многу добри во разговорите и флертувањето со жените.
4. Присуството на поголеми сестри или браќа е поврзано со подобро ментално здравје.
5. Доколку постариот брат е од аутистичниот спектар, има поголем ризик за развој на аутизам од помалиот брат. Истражувачите имале проблеми со пресметување на точното ниво на ризик.
6. Многу веројатно е дека постарите браќа и сестри да имаат малку повисок коефициент на интелигенција отколку помладите браќа и сестри.
