Оваа зима декорирајте го просторот со детали кои ќе внесат топлина, удобност и задоволство. Од вештачко крзно, свеќи па се до златни детали.
Во продолжение погледнете како тоа да го направите…
Крзно…парче вештачко крзно преку столче или софа ќе внесе доза на луксуз во просторијата.
Златни детали…детали во боја на злато како огледало со златна рамка.
Слоевите простирки…ако можеме да се облекуваме слоевито, зошто тогаш да не го декорираме на ист начин домот?
Лампи…внесете топлина во просторот со темни абажури на лампите.
Нежен допир на плиш…е совршен додаток за домот за во зима.
Драперии со темни бои…тешките материјали во темни бои ќе го спречат продорот на ладниот воздух, а воедно ќе внесат топлина во просторот.
Свеќи…една голема или неколку групирани мали ќе направат пријатна и романтична атмосфера во ладните зимски денови.