Motherhood

7 научно докажани факти кои водат до среќен и долг брак

Статистиките велат дека современиот живот носи се поголем број на разводи и неуспешни бракови. Без оглед на тоа колку сте биле заљубени кога сте го изговориле судбоносното „да“, зачувувањето на квалитетниот однос со текот на времето станува работа на бројни компромиси, работа и труд.

Науката донесе неколку интересни заклучоци и издвои 7 необични факти кои доведуваат до среќен брак и квалитетен однос и после долги години заеднички живот. Можеби нема да ја донесат онаа младешка страст и заљубеност, но вашата љубовна приказна ќе биде цврста и стабилна.

1. Поевтино свадбено славење

Можеби се чини како да нема врска со бракот, но истражувањата покажаа дека паровите кои трошат помалку пари на свадбеното славење имаат постабилен брак. Па ако планиравте да потрошите цело богатство на свадбата, размислете уште еднаш.

2. Запознавање преку интернет

Ова можеби некогаш се сметаше за табу тема и за нешто неприфатливо, но денес запознавањето преку интернет е многу често, а како што покажуваат истражувањата е доста посакувано ако сакате постојан брак. Ако се погледнат статистиките, паровите кои се запознале преку интернет имаат помал процент на разводи.

3. Но не живејте на интернет

Минувањето премногу време на друштвените мрежи е најбрзиот пат до развод, велат истражувањата. Партнерите кои заедничкото време го минуваат на својот телефон, лаптоп или компјутер се во опасност да го доведат својот брак до распаѓање.

4. Заедничко гледање филмови

Истражувањата покажаа дека паровите кои редовно гледаат филмови заедно имаат долготраен брак. Ова се објаснува со едноставен факт – по филмот парот природно започнува разговор за ликовите во филмот, што посредно може да се пренесе и на коментирање на сопствениот однос.

5. Внимавајте на прашањата на партнерот

Ова најчесто се однесува на мажите и нивната реакција на спонтаните прашања на сопругите во моментот кога на пример читаат весник или гледаат натпревар. Истражувањата покажале дека овој чин претставува потреба за позитивно внимание, па ако одговороте е „не сега, зафатен сум“ или воопшто нема одговор сериозно го зголемувате ризикот од создавање на негативна енергија во бракот, а на долг рок и до развод.

6. Го користите зборот „ние“ во расправиите

Убаво е да се каже „те сакам“, но зборовите „се сакаме“ се уште поубави. Истражувањата покажале дека паровите кои за време на расправиите ги користат зборовите „ние“, „наше“, „нас“ наместо „јас“, „ти“, „мене“ полесно ги решаваат конфликтите и брзо доаѓаат до компромис.

7. Имате заедничко хоби

Кога уживате во заедничко хоби се создава посебна врска меѓу вас и вашиот партнер. Истражувањата велат дека дури и не мора истовремено и заедно да сликате, возите велосипед или да читате иста книга. Важно е само да уживате во иста работа и да ги делите искуствата од уживањето со партнерот.

Напиши коментар