Art & Crafts

7 трикови да излезете убаво на фотографии

Го знаете она чувство кога во огледало сте прекрасни, а на слика страшни? Познато ни е и сакаме да Ви покажеме неколку трикови кои им се познати на манекенките, фотографите и ѕвездите…

Нека лицето Ви биде во висина на објективот, не назад…Внимавајте сенката да не Ви ги истакнува подочниците.

Испружете ја едната нога напред, за да ви изгледа подолго.

Ставете ја раката на горниот дел од половината. Тоа ќе Ве издолжи.

Немојте да се смеете премногу…изгледа глупаво…Ако сакате усните да Ви изгледаат полни, само отворете ги кога ќе светне блицот…Фотоапаратот нема да реагира на движењето и автоматски ќе ви ја „пополни“ устата.

Ако имате масна кожа користете пудра во прав или камена пудра…И не претерувајте со шминката !

Немојте да правиде неприродни движења и пробајте да се сликате спонтано. Сликајте го друштвото додека се забавува или обратно…Немојте да се местите како да Ве стрелаат…

Вежбајте пред огледало и откријте ги Вашите лоши и добри страни…Најголем бонус кај секоја манекенка е нејзината самоувереност, односно став.

Среќно во изработката на Вашите фотографии и не заборавајте…Не се сликате само „ За Фејсбук“.

Напиши коментар