Art & Crafts

7 трикови за полесно бојадисување на ентериерот

Најлесниот начин за да трансформирате или освежите некоја просторија е – да ги бојосате ѕидовите во нова боја! Како да го направите бојосувањето забавно?

Бојосувањето на целиот дом или на неколку простории може да биде исцрпувачко, но со малку труд, може да се постигне многу ефектна трансформација. За да го направите бојосувањето поедноставно, па дури и забавно, применете ги следниве трикови:

Исчистете ги ѕидовите

Избришете ја прашината со сува крпа, отстранете ги пајажините и нечистотијата. Ако на ѕидовите има нерамнини, избрусете ги, а струготините избришете ги или вшмукајте ги со правосмукалка.

Прескокнете ја тонската карта

Не можете да се потпрете на мал примерок боја ставен на вашиот ѕид за споредба. За да ја одберете најблиската нијанса до онаа којашто си ја замислувате, најдобро е да бојосате еден дел од ѕидот и да почекате неколку дена за да видите како изгледа таа боја во различни делови од денот, под природна и вештачка светлина, како и дали се вклопува со мебелот.

Основната бела боја не е секогаш најдобар избор

Ако сакате да добиете потемна нијанса на вашите ѕидови, користете основа чија нијанса тежнее кон вашата посакувана боја. Така ќе постигнете најдобра покриеност со помалку слоеви на боја.

Избегнете ја разликата во нијансите на ѕидот

Ако бојосувате поголема површина ѕидови и потребни ви се повеќе кофи боја, измешајте ги сите во една поголема за да ги избегнете разликата во нијансите на ѕидот.

Справете се со испарувањето

Ако ви пречи испарувањето на бојата за време на бојосувањето, додадете една или две капки екстракт од ванила во кантата со боја. Тоа ќе им даде пријатен мирис на ѕидовите кои ги бојосувате. Во секој случај, отворете ги прозорците за време на бојосувањето.

Не се трудете да бојосувате по права линија

Трикот е да бојосувате во облик на буквата W, а потоа истата површина на ѕидот повторно ја бојадисате со хоризонтални движења. Тоа помага бојата рамномерно да се распореди по ѕидот, а и да не биде во дебел слој во некои делови.

Балсам за усни или вазелин како помош бри бојосувањето

Ако бојосувате врати или прозорци, балсамот за усни или вазелинот можат да ви ја олеснат работата. Кога бојосувате прозорци, нанесете балсам на делот на стаклото кои се наоѓа на рамката на прозорецот. На тој начин, ако бојата се пренесе на стаклото додека го бојосувате прозорот, ќе можете да ја отстраните многу лесно. Ако ја бојосувате вратата, ставете вазелин на шарките, и ќеси на кваките.

Write A Comment