Cafe Del Mar

АКО САКАТЕ ДА ИМАТЕ ВИТКА ЛИНИЈА: 5 работи што треба да ги правите секое утро

Истражувањата покажуваат дека луѓето што стануваат рано се поздрави и посреќни но и послаби од оние што легнуваат доцна, а наутро спијат подолго.

Кетлин Алум е позната нутриционистка и авторка на книгата „Што ве јаде?“ која советува секој ден да го започнете со пет многу едноставни работи кои ќе ви помогнат да имате витка линија, пренесува порталот News.com.au.

Имено, секое утро треба да издвоите време за следново:

1. Вежбајте

Утрото е најдобро време за вежбање, бидејќи во текот на денот сигурно ќе имате многу обврски и многу лесно може да не ви остане време за вежбањ.

2. Задолжително појадувајте

Според истражувањата на Харвард луѓето кои не го прескокнуваат појадокот имаат понизок холестерол, имаат подобра меморија и не претеруват со храната во текот на денот.

3. Дишете длабоко и опуштете се

Само 2 минути длабоко дишење наутро може да има позитивни ефекти на вашето тело, и на физички и на психички план, бидејќи го снижува крвниот притисок, ја забавува работата на срцето и го намалува стресот.

4. Станувајте во исто време секое утро

На овој начин ќе го стабилизирате биолошкиот часовник што ќе придонесе за стабилизирање на хормоните кои влијаат на апетитот и нивото на шеќер во крвта.

5. Пијте вода

Започнете го денот со вода, која не треба да биде ни премногу ладна, ниту топла. Водата ќе има позитивен ефект врз вашето здравје, утринските вежби, но и врз изгледот на вашата кожа.

Напиши коментар