Motherhood

Ако жената изгуби интерес за тебе, постојат 8 причини за тоа! Види кои!

Многу често се случува жените да престанат да ги сакаат своите партнери, а за тоа постојат осум главни причини.

Прочитајте кои се тие за да не ја изгубите саканата личност…

Континуирано критикување – постојаното покажување со прст кон неа и критиките за секоја ситница, полека но сигурно ќе ја намали нејзината љубов и приврзаност, до точка каде ќе и биде сеедно за било кој проблем. Па така ако немате што убаво да кажете, воопшто и не зборувајте.

Медениот месец помина – некои девојки не сакаат да ја гледаат реалноста, па така очекуваат животот да им биде бајка. Кога ќе надојдат проблемите, таа полека ќе го губи интересот за партнерот.

Престануваат да се чувствуваат сакано – чувството дека е сакана, ценета, посебна е исклучително важно кај жените.

Промени – фактот дека жените едно сакаат во дваесеттите години, друго во триесеттите е вистина. Лошото момче, уметникот се вистински предизвици за жените додека се млади, подоцна тие сакаат покрај себе личност на која ќе може да се потпрат, лојална и сигурна.

Емоционално исклучување – љубовта најчесто престанува од лошата комуникација. Сите треба да се чувствуваме сакано, а кога тоа го нема почнуваме да се одалечуваме од партнерот се додека љубовта целосно не  исчезне.

Досада – рутина, работите секој ден се исти, викендите се оди  на исти места, секогаш жената ги предлага идеите…ова се само дел од жалбите на девојките на патот кој води до губење интерес и страст за партнерот. За да односот остане успешен, морате да го направите по интересен и забавен.

Хемијата ја изгризала љубовта – некои жени се зависници од почетните фази во врските. Топлото чувство, пеперутките во стомакот, многу жени постојано сакаат да го имаат ова чувство. Оние што биле во долги врски знаат дека ова често избледува со текот на годините, а девојките кога ќе го снема тоа чувство знаат да си заминат.

Губење на независноста – постои такво нешто кое е наречено „здрава одвоеност“ во врската. Важно е жените и мажите да ги задржат своите пријатели, својата работа, своите лични интереси кои ги имале и пред да бидат во врска со партнерот. Кога партнерот на сила некогаш сака работите да се прават само во двојка, тогаш жената чувствува дека нема слобода, станува огорчена и често на врската и доаѓа крај. Успешните парови научиле како да го задржат сопствениот идентитет во врската.

 

Напиши коментар