Здраво тело

Алергија на сонце: Зошто се појавува и како да ја лекувате?

Многу од нас поради сонцето добиваат алергија на кожата и се соочуваат со непријатно чешање, печење и топлина. Но, се поставува прашање што е тоа што ја предизвикува алергијата?

Toa е можеби нешто најлошоto што може да ви се случи додека сте на годишен одмор. Најголемиот проблем е тоа што може да се појави кај било кој, дури кај оние кои не се алергични на сонце. Се работи за комбинација од храна, облека и препарати кои ги користите.

Од голема помош во превенција на алергиските реакции се одредени додатоци во исхраната како што се каротеноидните пигменти бета каротен, астаксантин и лутеин, потоа витамин Е, селен, како и конезимот Q10. Најдобра стратегија за заштита на кожата е комбинација на намирници и додатоци во исхраната кои е потребно да започнете да ги консумирате до 10 дена пред озложување на сонце.

Лекарите порачуваат дека е многу важно да се спречи настанувањето на осипот, па затоа треба внимателно и кратко кожата да се изложува на сонце, со користење на креми за заштита и со носење на облека со долги ракави и ногавици. Директното изложување на сончевите зраци во ударните часови од денот никако не е препорачливо.

Кога се оди на плажа, треба да се избегнува нанесувањето на парфем и дезодоранс, како и шминка на лицето. Алергијата и реакциите на кожата на сонце се наследни, па така генетската подлога е доста важна.

Прва помош при појава на овој вид на алергија е повеќе да не ја изложувате кожата на сонце. Потребна е терапија со антихистамин во таблети, како и калциум. На кожата треба да се нанесуваат поблаги креми на база на кортикостероид во времетраење од неколку дена.

За користење на било каква терапија претходно задолжително исконсултирајте се со лекар.

Напиши коментар