← НАЗАД НА БОЗА

Анџелина Џоли откри: Не сакав да имам деца

Анџелина Џоли откри: Не сакав да имам деца
461 Читања

Анџелина Џоли, мајка на едно од најпознатите холивудски семејства, некогаш имала само 20-на години и немала никаков интерес за деца. Барем сè додека не пристигнала за прв пат во Камбоџа.

„Чудно е, никогаш не сакав да имам дете“ – изјавила познатата актерка.

„Никогаш не сакав да бидам бремена, да чувам деца… Никогаш не се замислував како мајка“ – додала.

Но, пред 16 години, кога за прв пат пристигнала во Камбоџа за снимањето на филмот „Lara Croft: Tomb Raider“, животот засекогаш ѝ се променил.

„Кога за првпат пристигнав во Камбоџа животот ми се промени. Ми се променија ставовите и сфаќањата. Сфатив дека постојат многу работи на кои историјата не нè учи и дека постојат многу работи за животот кои допрва треба да ги разберам“ – објаснила.

Контактирала со Обединетите Нации и повторно се вратила во оваа земја.

Токму на ова патување го посвојува своето прво дете, Медокс.

„Одеднаш сè ми стана јасно. Знаев дека моето дете е некаде во оваа земја“.

Во 2002-та година го посвојува Медокс, а сега заедно со Бред Пит имаат уште 5 деца.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk