Арапски ноќи, добра храна, богата култура и прекрасни пејзажи на пустини се доволна причина да го посетите овој дел од светот.
Ако сеуште не сте ја пронашле својата инспирација за тоа каде да заминете ова лето на одмор, еве ви мал поттик. Одлетајте и уживајте во овие 4 прекрасни арапски држави.
Јордан
Јордан е прекрасна и гостопримлива држава во која има навистина што да видите. Богатата историја на оваа држава нуди да уживате во историјата и да видите едно од седумте светски чуда, оваа држава дефинитивно мора да ја видите.
Оман
Оман е уште една држава која мора да се види ако се упатите накај арапскиот свет.
Златни пустини, плажи кои ќе ви го одземат здивот и шареноликата архитектура се само неколку причини зошто токму оваа земја треба да биде вашата следна дестинација.
Обединетите Арапски Емирати
Веројатно ова е најпопуларната дестинација за повеќето туристи од западните земји со Дубаи како hotspot.
Островот во облик на дланка, аквариумот и Burj Khalifa се само дел од нештата кои треба да ги посетите и видите.
Мароко
Иако е во Африка, во односот на култура оваа земја им припаѓа на арапските држави.
Мароко е една од оние земји кои станаа популарни во последните години. Многу од холивудските ѕвезди го открија овој дијамант и почнаа да купуваат куќи во прекрасните градови како Мараќеш.
Посетете ги преполните пазари на кои ќе најдете многу чисти продукти, овошје и марокански накит.