← НАЗАД НА БОЗА

Атрактивен дом за младо семејство

Атрактивен дом за младо семејство
1298 Читања

Овој дом е организиран така да одговара на потребите на младо семејство со две деца. Желбата на сопствениците за отворен јавен простор во рамките на својот стан довела до ова одлично и екстремно интересно решение кое овозможува функционална интерактивност на целото семејство.

Овој стан располага со доволно простор, и нема потреба од штедење на истиот, па затоа во него се организирани еден голем дневен простор со сите содржини и три спални соби, од кои една е родителска, а другите две за децата.

Главниот простор во себе содржи дневна соба, трпезарија, кујна и работен простор, кои се сместени во еден интегриран простор, но секој од овие простори има и своја сопствена автономија.

Преградите помеѓу овие простори не се изведени до плафонот, па така павилјонски ги двојат просторите, но сепак тие функционираат и дишат заедно.

2-paviljonski-stan

3-paviljonski-stan

4-paviljonski-stan

5-paviljonski-stan

6-paviljonski-stan

7-paviljonski-stan

8-paviljonski-stan

9-paviljonski-stan

10-paviljonski-stan

11-paviljonski-stan

12-paviljonski-stan

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk