Детето во повеќето случаи ги следи неговите родители. Па тоа значи дека вие како родител мора да го имате и да го задржите својот авторитет.
Детето треба да го воспитувате пред се на начин да ја почитувате неговата личност. Не смеете да го навредувате, понижувате или да ги гушите неговите чувства, независноста и активностите. Но во исто време треба да ги поставите условите и обврските кои детето треба да ги исполни.
Бидете доследни во своите постапки, но исто така и трпеливи и тактични. Треба да знаете дека треба темелно да се грижите за детето. Детето ќе стекне доверба во вас, ако почувствува дека може да се потпре на вас во секое време.
Да поставите авторитет, не значи дека треба да му командувате на детето и од него да очекувате да ве слуша и да прави се што вие ќе му кажете. На овој начин многу брзо можете да го загубите авторитетот во очите на вашето дете. Детето не се воспитува на начин на кој вие само му командувате, а тоа ги извршува вашите команди. Детето само мора да свати што смее, а што не. Тоа може да го постигнете само со многу трпение и труд. Доколку му викате на вашето дете, му забранувате или уште полошо, го тепате, ќе постигнете само спротивен ефект. Тука родителите најмногу грешат. Во овие ситуации децата не ги разбираат нивните грешки и најчесто не се свесни за нив.
На своето дете треба да му го дадете неговото слободно време. Не мора секогаш да следите што прави, каде си игра и секоја мисла да му биде онаа што вие ќе ја кажете. На овој начин детето го губи неговото его и станува несамостојно и има чувство на помала вредност. На детето не му се допаѓа да биде без родител, но понекогаш тоа треба да биде само за да има доверба во себе. На овој начин тоа создава независност.
Мудро искористете го авторитетот кој сте го создале, но со многу љубов и грижа. Немојте да се изживувате над своето дете. Дозволете му понекогаш да направи некои одлуки за себе. Слушајте го вашето дете и помогнете му да ги постигне целите кои си ги поставило.
