Еволутивниот биолог Дејвид Хејг од Харвард тврди дека бебeто со своето плачење, исцрпувајќи ја мајката, несвесно се обидува да ја спречи овулацијата на мајката и потенцијално зачнување.
Покрај тоа, смета Хејг, ноќното доење на бебето ја продолжува фазата на неплодност на мајката која следува по породувањето.
Според него, ноќните будења се почести во втората половина од првата година на детето и во текот на неговото доење.
Иако звучи неуверливо, за овој заклучок постои логична претпоставка, тврди Хејг додава дека таквото однесување на детето е предодредено еволуциски.
