Bridal

Бери Џеј – одличен избор за фустаните на вашите деверуши

Иако невестинскиот фустан е најважното парче облека на секоја свадба, огромно внимание привлекуваат и фустаните на деверушите.

Ви ги претставуваме дизајните на Бери Џеј, една од најпопуларните модни куќи кога станува збор за фустани за деверуши. Оваа компанија е на пазарот повеќе од 30 години, а нејзините дизајни се едни од најбараните во САД и Европа.

Фустаните на Бери Џеј изобилуваат со елеганција и гламур, а во огромниот избор сигурно ќе најдете нешто што ќе ви се допадне. Оваа модна куќа е посветена на создавање фустани кои се гламурозни, но и достапни за сите. Иновативните фустани и богатиот избор на дизајни на Бери Џеј им ја донесе наградата „Деби“, која се доделува на компании со исклучителен допринес во светот на свадбената мода.

Се надеваме дека нивните фустани ќе ви послужат како инспирација:

 

Write A Comment