← НАЗАД НА БОЗА

Без печење, без миксер: Ледолино торта

Без печење, без миксер: Ледолино торта
1920 Читања

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 мл. млеко
500 мл. хопла
12 лажици густин (околу 110 г.)
1 ванилин шеќер
100 гр. темно чоколадо за готвење
100 гр. бело чоколадо
4 лажици шеќер
кутија пишкоти или пак помали бисквити

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Помешајте го млекото со хоплата и од количината одземете околу 200 мл. за да ја помешате со густинот и шеќерот. Остатокот од течноста ставете го на оган, а откако ќе се свари додадете го и веќе разматениот густин. Кремата се згуснува за релативно брзо време, такашто 2-3 минути се сосема доволни.

Поделете го шлагот на два дела. Во едниот дел измешајте ја темната веќе срендана чоколада, и мешајте енергично за побрзо да се стопи. Во другиот дел додадете ја белата чоколада и исто така добро промешајте.

На дното на калапот наредете ги пишкотите или бисквитите кои претходно сте ги натопиле во млеко. Нанесете го одозгора темниот, па белиот крем. Доколку сакате, можете да ги наредите и наизменично за да добиете зебра ефект.

Оставете ја тортата во замрзнувач за да се стегне, и по извесно време уживајте во нејзиниот вкус.

Еден коментар → “Без печење, без миксер: Ледолино торта”


  1. Brigita

    1 година пред

    super torta

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk