Мојата кујна

Без печење! Рафаело бомбици од пудинг

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 пудинзи со вкус на ванила

5dl млеко

5 лажици шеќер

2 пакетчиња ванилин шеќер

200g путер

200g шеќер во прав

150g + 80g брашно од кокос

80g печени лешници

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Пудинзите, шеќерот и ванилиниот шеќер сварете ги во млекото и оставете да се олади до собна температура.

Ставете пластична фолија и повремено мешајте за да не се направи кора.

Путерот и шеќерот во прав изматете ги додека не добиете пенаста смеса, па додајте ја во пудингот и измиксирајте. Додадете 150g кокос, измешајте и оставете во фрижидер да се олади и стегне.

Правете топчиња од оладената смеса, во средина ставете лешник и извалкајте ги во кокос.

Важно: Од овие состојки ќе добиете околу 70 топчиња. Ако ви се многу, секогаш може да ги преполовите состојките.

Напиши коментар