Мојата кујна

Без печење: Скриени банани со плазма и ореви

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 300 г мелени плазма кекси
  • 100 г маргарин
  • 100 г шеќер во прав
  • 2 банани
  • 1 крушка
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 120 г мелени ореви
  • 4 банани
  • 1 кесичка шлаг пена (за шлагот)
  • 200 мл млеко (за шлагот)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Изматете го маргариннот со шеќерот во прав, потоа додадете во таа смеса изрендана крушка и испасирани две банани.
  2. Смесата полека измешајте ја со лажица. Потоа додадете ги мелените плазма кекси, ванилиниот шеќер и мелените ореви.
  3. Убаво измешајте и на фолија расукајте смеса, наредете ги 4 банани по должина, завиткајте во ролат и оставете на ладно да се стегне.
  4. Оладениот ролат декорирајте го со претходно изматениот шлаг крем со млеко.

Напиши коментар