Доклку наскоро треба да бидете невеста и ако сакате традиционалниот букет да го замените со нешто ново, несекојдневно и поразлично од останатите, тогаш погледнете ги овие алтернативи. Кога би се одлучиле за букет од свежи цветови, знаете дека тој ќе трае неколку дена. Но, рачно изработениот букет може да трае со години и секогаш кога ќе го погледнете ќе ве потсетува на најсреќниот ден од вашиот живот. Во зависност од тоа во кое годишно време ја планирате вашата венчавка, за вас издвоивме неколку интересни идеи за букети кои ќе ве направат оригинални и поразлични од останатите.