Bridal

Бидете заводливи и на првата брачна ноќ

Потрошивте часови во размислување за тоа каква фризура и шминка посакувате за вашата венчавка, но потполно заборавивте да размислувате за вашиот изглед во текот на првата брачна ноќ?

Да бидеме реални – шансите се големи дека ќе бидете многу, многу уморни кога во хотелската соба ќе влезете со вашиот новопечен сопруг. Од премногу танцување ќе ве боли целото тело. Ви предлагаме неколку совети за да бидете меѓу оние 48 проценти од младенци кои навистина имале секс на првата брачна ноќ.

1. Земете стапчиња за уши или влажни марамчиња. Избришете ја шминката која се размачкала и повторно нанесете ја за да го вратите секси излегот.

2. Навлажнете го пешкирот и отстранете го карминот кој сигурно веќе се исушил. Нанесете хидрантен сјај за усни за да ги омекнете усните и да бидат неодоливи за вашиот сопруг.

3. Ако ви се “распаднала” фризурата, фатете ја во пунџа. Доколку косата веќе ви била фатена во пунџа, распуштете ја. Неверојатно е колку ќе се чувствувате поживо кога ќе извадите илјада шноли кои ви ја држеле косата цел ден. Понекогаш распуштена, разбушавена коса може да изгледа многу секси. Ако имате кратка коса, пробајте со шампон за суво миење на косата. Магичен производ!

4. Ако сакате да изгледате навистина фантастично, на телото втријте масло кое во себе содржи светки.

Можеби не ви е до ништо и сакате облечени да се фрлите во кревет? Не грижете се, ќе има уште многу ноќи во кои ќе може да изгледате како прав топ модел. Ветуваме!

Write A Comment