Новости

Битолчанката Марија Груевска несомнено ќе го збогати Макфест со својот настап!

Битолчанката Марија Груевска е една од најмладите учесници на фестивалот Макфест, таа има само 18 години и штотуку заврши средно музичко училиште. Но тоа дека Марија до неодамна беше малолетна воопшто не значи дека нејзиното портфолио и нејзината музичка кариера не се импозантни и обемни.

4

Убавата битолчанка Марија која многумина ја нарекуваат “македонската Бијонсе“, минатата година учествуваше во добропознатиот формат Икс Фактор, а на македонската јавност е добро позната како дел од проектот – Првото македонско музичко реално шоу „На иста адреса“.

2

Песната со која Марија Груевска ќе се претстави на втората полуфинална вечер на Макфест е посветена на истакнатиот македонски композитор и музичка легенда – Драган Ѓаконовски Шпато, а песната воедно е и инспирација од неговата песна “Лени“.

dragan

Всушност целта на сето ова е едно потсетување за музиката од тоа време, потсетување на неговите дела, композиции и искажување почит за него како човек, музичар и неисцрпна инспирација за новите музички генерации. Да не заборавиме дека неговото творештво, неговиот неисцрпен порив продолжуваат и во наредните години кога создава низа композиции што станаа дел од македонската музичка историја.

1

Песната со која битолчанката Марија Груевска ќе се претстави на Макфест (втората вечер) се вика “Ме имаш“. Текстот на песната е напишан од страна на Весна Малинова, а музиката и аранжманот се дело на професорката Анета Качуркова.

Се надеваме дека оваа прекрасна млада девојка ќе го пронајде своето место на македонското музичко ѕвездено небо, бидејќи, верувајте, Марија Груевска го заслужува тоа.

И посакуваме успех и со нетрпение очекуваме да ја слушнеме и видиме на Макфест.

Напиши коментар