Bota Bota, лебдечкиот Спа центар кој го има дизајнирано Sid Lee, претставува најновата реинкарнација на 57- годишниот траект во старото пристаниште во Монтреал…
Бродот целосно е реновиран во Спа бања со пет палуби и опремен е со различни функционални инсталации. Од сите содржини; масажа со морски алги, џакузи на отворено и коктел бар, траектот Bota Bota нуди единствено искуство.
Архитектот на овој проект, Jean Pelland, после отварањето изјави: „ Сакавме да создадеме опкружување кое на корисникот ќе му овозможи повторно да открие слики во врска со бродот, иако тој нема да биде во движење, туку ќе лебди во Монтреал, на неговата река. Сестрите сопственички, Natalie и Genovive Emond, го купиле бродот од 2.500 метри квадратни во 2008 година и од тогаш биле во потрага по единствена локација за отварање на врвен Спа центар.
Закотвен во старото пристаниште во Монтреал, овој Спа центар лежи на реката St Lawrence и на посетителите им нуди спектакуларен панорамски поглед на градот. Во прилог на програмата се и програми за лекување со природно лулање на водата, секој третман во овој амбиент е благотворен и пријатен. Освен со масажи, овде постои и можност за рекреација на љубителите на спортот, а во склоп на центарот се наоѓаат и сауни и парни бањи.
Посетителите и жителите на Монтреал можат да ја искористат единствената прилика да уживаат на реката, на терасата на палубата на траектот со пријатна музика и свежи коктели.












