Мојата кујна

Божиќна торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТОТО:

* 210 гр шеќер

* 5 јајца

* 1 ванилин шеќер

* 500 гр пире од костени

* 2 лажици рум

* 2 лажици брашно

За филот:

* 170 гр пире од костени

* 100 мл млеко

* 150 гр путер

* 150 шеќер во прав

* 1 ванилин шеќер

* рум

За глазура:

* 300 гр чоколадо за готвење

* 200 мл слатка павлака

За декорација:

* 1 пакување шлаг во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Одделете ги жолчките од белките. Жолчките изматете ги со шеќерот, ванилиниот шеќер со жица за матење. Додадете ги румот и брашното. Во друг сад изматете ги белките и додадете ги во смесата заедно со пирето од костени. Смесата разделете ја на два дела и секоја посебно печете ја во калапи за торта (24 см). Печете на 180 степени околу 30 минути. Филот започнете да го подготвувате така што ќе го измешате путерот со шеќерот во прав. Пирето од костени кратко сварете го заедно со млекото, додадете го румот, па оставете го да се излади. Потоа измешајте се заедно со путерот. Првото тесто премачкајте го со филот, а над него ставете го второто тесто. Потоа ставете ја тортата во фрижидер да се излади.

Додека тортата се лади, подгответе ја глазурата од чоколадо. Искршените чоколади  стопете ги на пареа, а потоа зовриената слатка павлака додадете ја во стопеното чоколадо. Смесата мешајте ја со жица за мешање  додека не се изедначи. Со така подготвената глазура премачкајте ја тортата. На крај украсете ја со шлаг.

Напиши коментар