Здраво тело

Брокули, лук и јогурт против настинка

Поединечни намирници го засилуваат имунитетот – јадете што повеќе цитруси, зелен зеленчук и млечни производи, маслиново и соино масло, пивски квасец и жолчки.
Правилната исхрана во која доминираат свежите намирници богати со витамини и минерали, кои воедно и калориски се урамнотежени, се предуслов за јак имунитет кој ќе не заштити од настинки, грип и инфекции. Основата на исхраната треба да биде лимон, портокали, киви, шумско овошје, ананас, зелена пиперка и зелен лиснат зеленчук. Меѓутоа не треба да избегнувате ни месо и млечни производи бидејќи го создржат витаминот А. Како најјака имуноисхрана (богата со пробиотици) се смета и јогуртот и ферментираните млечни производи кои спречуваат размножување на лошите бактерии во цревата. Пробиотиците природно се наоѓаат и во лукот и кромидот. Се што треба да направите е само да смислите балансиран начин на исхрана со овие намирници и да се заштитите од болести оваа зима.

Напиши коментар