ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 4 јајца
* 2 лажици брашно
* 1 лажица какао во прав
* 1 пециво
* 250гр маргарин
* 200гр шеќер во прав
* 2 филџани варено кафе
* 100гр чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изматете ги жолчките со шеќерот, додадете го брашното, какаото во прав, пецивото и снегот од белки. Подмачкајте го плехот, попрскајте го со брашно, додадете ја смесата и печете на 180 степени околу 20 минути.
Кората извадете ја од плехот, па полиете ја со свареното кафе.
ФИЛ: Додека кората се пече, изматете го маргаринот и шеќерот во прав. Со овој фил премачкајте ја кората, па завиткајте ја во ролат.
ГЛАЗУРА: Истопете 100гр чоколадо за готвење и полиете го ролатот.