Мојата кујна

Брз рецепт: Печени макарони со јогурт

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 гр. макарони

1 литар јогурт

3 јајца

2 лажици маслиново масло

малку сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги јогуртот, јајцата, сол и сварените макарони. Подмачкајте го садот во кој ќе ги печете макароните со малку путер или масло. Ако е потребно додадете уште малку јогурт за макароните убаво се залијат и по вкус можете да додадете малку пршута.

Ставете ги во загреана рерна на 200 степени и печете додека не добијат боја. Служете ги топли и над нив изрендајте кашкавал и ставете павлака, кечап или пак мајонез.

 

 

Write A Comment