Art & Crafts

Брз трик со кој ќе ја “спасите” облеката која се смалила при перење

Ситуацијата кога сме ставиле некое парче облека во машина и истата излегла два три броја помала на сите ни е позната.

Но, ако мислевте дека облеката која се намалила по перењето во машина треба да ја фрлите, не брзајте бидејќи со овој трик ќе биде како нова.

Потребно ви е само:

  • Кофа топла вода
  • Било кој бебешки шампон
  • парчето облека
  • Два поголеми пешкири

Во кофата со топла вода сипете едно капаче од шампонот и убаво натопете го парчето кое сакате да го вратите во својата нормална големина.

Оставете го да се натопи убаво неколку минути, а потоа извадете го и поставете го на пешкирот.

Полека почнете да го виткате пешкирот (како палачинка) и на крај малку нежно стиснете го за да се исцеди убаво водата.

Потоа извадете го парчето од тој пешкир и поставете го на вториот пешкир. Внимателно и нежно влечете по краевите на облеката се додека не ја постигнете саканата големина.

Оставете го да се исуши и вашата облека ќе биде онаква каква што била.

П.С. Овој процес не функционира со волнени џемпери.

Напиши коментар