Bridal

Брза диета за идните невести

На денот на својата венчавка сите невести сакаат да изгледаат совршено. За да заблескате на најубавиот ден од вашиот живот, ви ја препорачуваме оваа седумдневна ефикасна диета која ќе ви помогне да ја елиминирате подуеноста, масното ткиво и чувството на глад, кое се појавува поради стрес и возбуда.

Подготовки за свадба неизбежно предизвикуваат стрес, па идните невести токму во овој период се многу поподложни на акумулација на масни наслаги. Со оглед на тоа дека венчаницата ја купуваат неколку месеци пред самата свадба, често се случува таа да им биде претесна пред самиот настан.

Оваа седумдневна диета, која е една од најпопуларните диети во САД, ќе ви помогне да ослабнете, да го прочистите вашето тело и да изгледате совршено.

Дозволено е да изберете појадок по ваша желба, но мора да внимавате да биде нискокалоричен. Изберете помеѓу овопје, житарки со чаша обезмастено млеко или јогурт, овошен јогурт или пак двопек со младо сирење.

Сабота:
Ручек: чинијата со бистра супа со брокула и салата со туна
Вечера: пилешко на скара и салата од краставица
Вежба: пешачење барем еден час

Недела
Ручек: стек од мисирка и чаша варен ориз, 50 грама ореви
Вечера: супа од зеленчук и парче двопек
Вежба: играјте тенис или бадминтон

Понеделник
Ручек: салата од домати и пилешко на скара со 1 двопек
Вечера: салата со туна со две лажици маслиново масло, сол, оцет и целер.
Вежба: 45 минути интензивен фитнес тренинг

Вторник
Ручек: риба на скара и салата од зелка и морков или пак 2 тврдо варени јајца
Вечера: супа со моркови и телешко месо
Вежба: 1 час аеробик

Среда
Ручек: чаша млеко меша две лажици на овесни снегулки и две лажици суво грозје или пак  салата од домати со моцарела
Вечера: салата од домати и краставици, пилешки гради на скара и пет маслинки
Вежба: 45 минути кардио тренинг

Четврток
Ручек: 2 тврдо варени јајца, парче младо сирење или чаша јогурт и салата од домати
Вечера: парче риба на скара со лимон и свежи блитва
Вежба: поминете еден час во фитнес центар

Петок
Ручек: варен ориз и мешана салата
Вечера: Две јајца на око и едно парче пченичен леб
Вежба: пилатес

Write A Comment