Мојата кујна

Брза мрзлива пита со сирење

Состојки:
3 чаши брашно
1 кисело млеко
4 јајца
4 лажици путер
1 чаша кршено сирење
1 лажичка сода

Подготовка:
Најпрво изматете ги јајцата, додадете го путерот, постепено почнете да го додавате киселото млеко, во кое сте ги измешале брашното и содата.
На крај додадете го и сирењето и сол ако има потреба. Смесата истурете ја во тепсија подмачкана со путер.
Во почеток печете 10 минути во силно заграна рерна, а потоа уште 20 минути на умерена температура.

Напиши коментар